„Црвено-жолтите“ против Словенија на стартот на главната рунда на СП во Египет

Македонската машка ракометна репрезетација по двата убедливи порази од Шведска и Египет и триумфот против Чиле во Групата Г ги продолжува натпреварите во главната рунда на светското првенство  во Египет.

Прв противник на „црвено-жолтите“ во втората мундијалска рунда е фаворизираната Словенија.

Нашиот национален тим со пласманот во втората рунда ја оствари зацртаната цел од пред стартот на светскиот шампионат и сега очекуваме избраниците на селекторот Данило Брестовац без притисок да ги одиграат престојните три средби на Мундијалот, и да се покажат во многу подобро издание посебно од дуелите со Шведска и Египет.

На последната прес конференција пред денешниот натпревар против Словенија кој стартува во 15 и 30 часот селекторот  Брестовац најави неколку промени во составот на селекцијата. Но, секако македонскиот предводник не ги откrи картите. По напорните три меча во групната фаза на повреди се пожалија ракометрите Танкоски, Димитриоски, Крстевски и Цветан Кузманоски.

Македонија во новата група не пренесе бодови и е со минимални шанси за висок пласман. Но натпреварите против квалитетните селекции на Словенија, Белорусија и Русија сигурно ќе бидат голем предизвик за подмладената селекција  да покаже дека сепак има квалитет за големи натпреварувања.