ЦСКА Москва и Баерн Минхен го отвараат второто коло во ЛШ

Тимот на Чилеанецот Мануел Пелегрини ќе се обиде да се врати во игра по поразот од Баерн Минхен во последните минути од дуелот на „Алијанц Арена“ во првото коло, кога Боатенг стрелаше прецизно за баварците.

Од друга страна, Рома ја декласираше ЦСКА Москва на својот стадион, така што вечерва ќе има прилика да ја зацврсти позицијата на табелата и да му избега на Манчестер Сити. Овие два тима никогаш претходно не играле меѓусебен натпревар.

Нашиот Ибраими со својот Марибор ќе гостува кај Шалке во Германија и ќе се обиде да се претстави во најдобро светло пред публиката во Гелзенкирхен.

2. коло Лига на шампиони (вторник):

18:00 ЦСКА Москва – Баерн Минхен, 20:45: АПОЕЛ – Ајакс, БАТЕ – Атлетик Билбао, Манчестер Сити – Рома, ПСЖ – Барселона, Шалке – Марибор, Шахјтор – Порто, Спортинг – Челси.