Цуцуловски: Дали народот е глуп?

Дали народот е глуп и каква употребна вредност има јазикот во градењето на нови улици и патишта, прашува професорот Љубомир Цуцуловски во својот фејсбук статус запраша каква

Господинот Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, тукушто објасни (на Телевизија Канал 5) дека на наредниот попис ќе немало графа за етничката припадност, бидејќи припадноста немала никаква употребна вредност (подобро било, нагласи, да се размислува за градење нови улици, водоводи и сл.) и дека утврдувањето на националната припадност можело да го политизира пописот, нешто што тој не го посакувал. Останува уште да објасни: (а) каква употребна вредност има јазикот во градењетое на нови улици, патишта и сл., и (б) дали токму тоа нема да доведе до уште поголема политизација, особено ако се има предвид Тиранската платформа, според која Република Македонија треба да се пробрази во двојазична држава.

Во меѓувреме, се работи на промена на Уставот, се спроведува Договорот со Бугарија… Се прави сѐ, само не се прави тоа што треба да се прави.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.