Цуцуловски: Имаме квази-влада, лажен премиер и држава во која не функционираат законите

99

Ние немаме влада во вистинската смисла на зборот зошто владата треба да претставува органска целина на избрани луѓе од премиерот, но фактот што мандаторот очекува неговиот коалиционен партнер да му каже кои луѓе ќе бидат дел од владата, рече во средата вели професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски на емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија.

„Затоа ние имаме квази-влада или лажен премиер или привид на премиер, па по тоа имаме привид на држава, односно пара држава каде не функционираат законите, па по тоа не можеме да имаме држава во вистинска смисла на зборот“, оцени

Цуцуловски рече деа Македонија „умира на рати, не живее, не значи дека ќе умре, но ако ова е живот, во иронија ќе кажам му благодарам на ваквиот живот“.

„Доколку зборуваме за метлата на Заев, треба да кажеме дека тој не исчисти државата со метлата, туку своите партиски редови, говорот на несвесното е дека тој мисли дека употребувајќи метла во партијат, употребува чистка на ниво на државата, со што покажува дека за него државата и партијата е едно исто, истакна професорот. Цуцуловски објасни дека преку партиското чистење Заев ја поистоветува партијата со државата, тоа не постоеше ни во тој етатистички државен социјализам во Југославија“, рече Цуцуловски.

Додаде дека актуелната власт се однесува арогантно, па и кон своите стратешки партнери, оцени дека станува збор за „прикаски за деца“, неуспешна приказна за нашата држава, но успешна приказна за еден слој граѓани кој ги уживаат благодетите од власта.

Во врска со најавениот попус на населението, Цуцуловски се осврна на изјавите на директорот на Државниот закон за статистика дека немало потреба од графата за национална припадност, затоа што тоа немало употребна вредност, како народот да е стока па за да се употребува,па по тоа ние не можеме да очекуваме реален попис.

Цуцуловски смета, исто така, дека бесмислено е прашањето дали пописот ќе биде регуларен, затоа што сериозна земја не се занимава со вакви прашања како што е прашањето за јазикот и националната припадност на граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.