Цуцуловски: Како ќе му забранат на Дадо Топиќ да пее „Makedonija, tamo gdje vјečno sunce sja…“?

Македонија не живее само во македонските срца, туку и во срцата на сите оние кои знаат за неа, кои пишуваат за неа, кои пеат за неа, коментира професорот Љубомир Цуцуловски за, како што вели „битката која не можат да ја добијат“.

Како мислат да го уништат македонскиот народ, македонскиот дух, македонскиот фолклор, македонската песна, кога се раширени низ целиот свет? Како мислат да му забранат на Дадо Топиќ, или на било кој друг, да ја пее „Makedonija, tamo gdje vјečno Sunce sja…“?

Како мислат да ги избришат сите коментари што се под песната/песните на YouTube? Зарем не сфаќаат (или се толку глупи?) дека тераат битка, која не можат да ја добијат?

Зарем не сфаќаат дека Македонија не живее само во македонските срца, туку и во срцата на сите оние кои знаат за неа, кои пишуваат за неа, кои пеат за неа? Зарем може да се биде толку глуп и туп? – пишува Цуцуловски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=aO5Beq-D74A