20.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Цуцуловски: Mакедонскиот јазик како да е туѓо тело во македонската држава

Власта, како по обичај, молчи и ужива. Додека се остваруваат нечии „загрозени“ права, никаде ги нема правата на здрав и достоинсвен живот, како во Македонија да живее стока, а не луѓе, вели Цуцуловски.

Талат Џафери изјави дека едвај го чекал моментот собраниската седница да ја води на албански јазик. Оваа ситуација ја коментира професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил.

„ЕДВАЈ… Пред македонското Собрание, без око да му трепне, Талат Џафери изјави дека едвај го чекал моментот собраниската седница да ја води на албанси јазик. Тоа значи дека едвај чекал да не ја води/говори на македонски јазик, како да е македонскиот јазик туѓо тело во македонската држава.

Власта, како по обичај, молчи и ужива. Додека се остваруваат нечии „загрозени“ права, никаде ги нема правата на здрав и достоинсвен живот, како во Македонија да живее стока, а не луѓе.

Игор Дурловски и понатаму го третираат како терорист. Кој му е виновен што навреме не побарал амнестија? – беше забелешката на една битна персона во процесот против македонските „терористи.“ Дојде време во кое треба да се бара (всушност, моли!) невиност, пред и да се докаже нечија виновност. „Вози Мишко, до наредната пропаст“-пишува Цуцуловски.