Цуцуловски: Тезата „едно општество за сите“ е бесмислена, парадоксална и не води сметка за сите

Во денешната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Љубомир Цуцуловски, универзитетски професор кој говореше дека не може да постои едно општество за сите бидејќи сите граѓани се различни.

Тезата „едно општество за сите“ е бесмислена, парадоксална и не води сметка за сите. Бидејќи во ниту една држава, па дури во ниту една мала заедница, па дури во ниту едно племе сите луѓе не се еднакви. Бидејќи секој човек индивидуа сам за себе, со свои интереси, со свои потреби и како тука е возможно воопшто да се гради држава која би била заедничка за сите, кога по дефиниција секој човек е секој сам за себе, нагласи Цуцуловски.

Цуцуловски појасни дека ние можеме да градиме евентуално држава која би на најголемиот број на интереси. Но тоа се оние општи флуоскули или празни сказни како што тој вели. Кога политиката ветува се и сешто.

Како да речеме мисли политиката да изгради „едно општество еднакво за сите“ кога луѓето се нееднакви. Кога едните се експлоататори, а другите се експлоатирани. Едните имаат интерес за помалку пари да дојдат до поголем профит, а другите пак работат и сакаат за помалку пари да дојдат до поевтин производ. Тоа е не водење сметка за реалноста во која живееме, посочи Цуцуловски.