Цуцуловски за договорот со Бугарија: Нужен услов – признавање на гревовите

Првиот услов што секоја македонска влада треба да го направи пред да потпише било каков Договор за добрососедски односи со некоја држава, вклучувајќи ја и Бугарија, е да побара извинување за невините жртви, погубени и прогонувани на тлото на Република Македонија, пишиува на својот фејсбук профил професорот Љубомир Цуцуловски, притоа правејќи паралела со гестот на поранешниот германски канцелар Вили Брант во Варшава.

20527294_10212788469453810_1509770744_n

„Нужен услов за потпишување на било каков договор за добрососедски односи со Бугарија е бугарскиот премиер (кој и да е) да постапи онака како што во Варшавското гето (на 7.12.1970) постапи тогашниот канцелар на Западна Германија, Вили Брант. Макар што цело време беше прогонуван од властите на нацистичка Германија, сепак почувствува длабока потреба да го направи неопходниот гест пред споменикот на нацистичките жртви, знаејќи дека без признавање на гревовите што кога било биле направени (макар и од сеосема други) не е можно ослободување од нив“, потсетува Цуцуловски.

Оттаму, истакнува професорот, првиот чекор што треба да се направи во таа насока е гревовите да се признаат за она што се – за гревови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.