Цуцуловски: Заев повеќекратно ја убива државата на рати

Професорот Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во врска со промената на уставното име на Република Македонија.

ПОВЕЌЕКРАТНО УБИСТВО. Познатиот француски филозоф Жан–Пол Сартр (голем почитувач на Марксовото учење, меѓутоа не толку и на Енгелсовото) сметаше дека Енгелс двапати ја убил дијалектиката. Првиот пат, за да ја убие. Вториот, да се увери дека ја убил. Можеби Сартровата оцена е неоправдана. Но, така сметал.

Денес не се случува двојно убиство на дијалектиката (патем, Енгелс е починат) туку повеќекратно (на рати!) неовластено се убива една држава. До каде тоа ќе оди не може да се каже. Меѓутоа, дека сè има своја граница, е повеќе од сигурно, стои во неговиот статус на Фејсбук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.