Cueva de las Manos – Пештера од раце

Пештерата од Раце се наоѓа во провинцијата Санта Круз во Аргентина и е дел од мрежно поврзани пештери на околу 160 километри од градот Перито Морено. Она по што е најпозната се сликите од раце насликани на ѕидовите од пештерата. Со карбонско мерење е докажано дека сликите датираат од пред, цирка, 9.300 години, а е утврдено по коските кои ги користеле за сликање-прскање со боја на поставените раце, па така се направени нивни силуети. Последен пат овие пештери биле населени пред 700 години и најверојатно тоа биле припадници на Телуче народот. Овие пештери се под заштита на Унеско од 1999 година како светско културно богатство.

Рацете се сликани со прскање боја преку нив за да се наслика силуета, а најголем дел од насликаните раце се леви – сликана е левата рака. Иако ова се можеби најоригнални слики од пештери – силуети на раце, таму има и слики на луѓе, сцени од лов и слично.

Во Куве Франција исто има пештери во кои има слики и тоа навистина фацинантни, и меѓу нив, слики на раце, икако не толку многу како оваа во Аргентина. Овие во Куве датираат и пред 31.000 години. Воопшто, многу племиња, народи, цивилизации, култури насекаде низ светот сликале дланки – раце на ѕидовите од пештерите. Зошто? Научниците сметаат дека постои некаква поврзаност со прскањето боја преку рака со шаманските ритуали на прскање со лековити средства – начин на кои се лечеле болести или се вршела иницијализација.

Сево ова, секако, е обвиткано со мистерија и може само да се даде приближно најдобар одговор, но останува фактот дека сликите на рака се можеби и последното што останало од една, цивилизација, култура, живот на еден народ, нејзин белег и обид за порака до генерациите, а најмногу од себе, доказ дека си постоел, егзистирал, што најчесто е и модус вивенди на секој артист во некој најдлабок дел на својата подсвест. Ние дене се восхитуваме на овие прекрасни насликани раце кои повеќе отвораат прашања, одошто даваат одговори. Но, факт е – сите овие народи исчезнале.

И ова ви е само првиот дел од колумната која тоа и не е, ова се чисти научни факти преземени од научно верифицирани извори, сведени на информативен минимум, кои можеби ќе ви значат, а можеби не. Во кои ќе пронајдете нешто или можеби заклучок како што јас најдов некекав симболика на ова што денес го живеам. За жал никој, па ни ние, немаме просперитетна иднина. Се е привид и суета и само прашање е кој подолго ќе опстане и каква трага ќе остави. Ама за буквално секој ви говорам.

Магнетна атомска бомба ќе ги избрише сите дигитални податоци во кои толку многу испомешавме спомени, мисли и дела. Се друго е подложно на трулеж и тоа буквално онаков како Танос откако кликна со прстите. Да, дефетистички, поразително, а за некој депересивно. Но тоа не значи дека треба да престанам да делувам, да се залагам за вистински, трајни и суштински вредности. Се сеќавам многу одамна, во времето на 103-ка, на еден семинар во Италија, каде „плакнеа“ дека борбата со дрогата е изгубена и треба да најдеме начини за што е помалку штетни последици од нејзиното користење, кога целиот семинар го „уништи“ еден мудар писател – филзооф кој беше присатен и рече – „Па ако е изгубена војната, не значи дека треба да да се борам. Не прифаќам она што е општо зло и моите етички вредности едноставно ме поттикнуваат да не се согласам и да се спротиставам на она што се основни човекови постулати“. Стана и си отиде, а паузата за ручек беше многу, многу, долга.

Ние? Ќе оставаме мистични траги на ѕидови од пештера или ненакви трајнио вредности затоа што законите на универзумот – ентропијата докажале дека ништо не се губи – само менува форма. Секој податок, секое дејство колку и да е безначајно е забележано и не е ова само религиски мамбо – џамбо, туку сувопарен научен факт потврден од секој теоретски физичар на квантно и физичко ниво. Јас не сакам да сликам, моите дела пред се’ ќе бидат моите поколенија као завет за иднината. Ние нема да ја имаме судбината на слики на раце на пештера, но со каква сила ќе делувате – агресивна, вулгарна, со сила на омразата и исклучивоста или со кретивната сила, силата на љубовта?

Хинт – постои една едниствена енергија која секој ја има. Како ќе ја користиме, е наш избор.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.