ЦУК: Состојба со пожарите до 9:30 часот – две нови жаришта

Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле две нови жаришта и тоа во с.Разловци м.в.Чокалица, додека другата локација е во атарот на с.Тработивиште и Нов Истевник, над Света Вода, информираат од Центарот за утправување со кризи.

Интервенираат кај Разловци:
ТППЕ Делчево со 7 пожарникари;
ШС Делчево со 5 вработени;
АРСМ со 19 припадници;
МВР со 20 припадници;
Гранична полиција со цистерна;
ЈКП Делчево со цистерна.
Интервенираат кај Нов Истевник:
ШС Делчево со 4 вработени;
МВР со 14 припадници
Пехчево м.в.Бајаз Тепе, пожарот сеуште е активен и истиот се проширува на територијата на опш.Берово.
Во врска на ново настанатата состојба, гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с.Будинарци.
Бараат помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење.
Интервенираат:
АРСМ 22 припадници;
ПП Австрија 60 припадници;
ПП Словенија 45 припадници;
Месно население 15;
Останати субјекти околу 60 лица.
3 Сарај – Скопје с.Раовиќ – с.Буковиќ Од 15:30 часот пожар на мешана шума во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ. Од утринските часови на терен се БППЗ и ШС Караџица кои известуваат дека пожарот се движи кон сртот и нема опасност по населени места
Интервенираат
БППЗ со 5 пожарникари и 2 ПП возила;
ШС Караџица со екипа.
4 Петровец с.Дивље – м.в.Крушје Пожар на дабова шума, каде од утринските часови има екипи од БППЗ, а истиот пожар беше и кај с.Џидимирци (опш.Велес) каде е локализиран.
На овој пожар ќе се интервенира од воздух поради што им пренесено на екипите да се повлечат од местото на пожарот.
Интервенираат
БППЗ со 5 пожарникари и 2 ПП возила;
ШС Караџица со екипа;
ЕЛС Петровец со екипа.
Студеничани с.Цветово – с.Црн Врв, БППЗ во 08:15 часот добиле дојава за димење кон Преслап на Китка. Известени се ШС Караџица кои добиле известување од нивни шумар дека се работи за чадење од пожар кој бил помеѓу селата Цветово и Црни Врв и м.в.Празни Торба, и кој се движи кон Преслап.
Бидејќи ШС Караџица немаат слободна екипа за тој пожар, доколку се ослободи некоја од тие што се кај Катланово ќе ги прати на лице место.
Велес с.Иванковци. Од 08:00 часот пожар на блокови – ниви кај с.Иванковци. Со еден трактор се одорува за да не дојде до проширување на пожарот. Површината на пожарот не е позната.
Интервенираат:
ТППЕ Велес со 2 пожарникари и 1 ПП возило;
ШС Бабуна со 1 вработен;
Месно население.
5 Прилеп с.Дрен – с.Смолани. Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е активен.
Интервенираат:
ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари и 2 ПП
Пожарот кај селата Желувино – Дренак е под контрола, а во моментов пожарот не гори и нема пламен туку има само дим.