Цукерберг призна дека Facebook недоволно ги заштитил личните податоци на корисниците

689

Извршниот директор на компанијата „Faceook“ и творец на истоимената најголема светска социјална мрежа, Марк Цукерберг, признава во писмената изјавата дадена пред американскиот Конгрес дека мрежата не сторила доволно во поглед на спречувањето на злоупотребите на личните податоци на корисниците, и поради тоа се извинува, дознава во понеделникот агенцијата Reuters којашто имала увид во дописот.

„Сега е јасно дека не сме сториле доволно за да спречиме тие алатки да бидат искористени за нанесување штети. Не сме гледале широко на прашањето на нашата одговорност и тоа беше голема грешка… Тоа беше моја грешка и жалам, Јас го покренав Facebook, јас ја водам компанијата и јас сум одговорен за сѐ што се случува во неа“, напишал Марк Цукерберг во писмената изјава до Комитетот за енергетика и трговија при Конгресот на САД.

Цукерберг, исто така, навел дека главните инвестиции на Facebook во безбедноста „значително е влијаат на растот на профитабилноста“ на социјалната мрежа.

Како што потсетува Reuters, челникот на Facebook подоцна во понеделникот по американско време ќе се сретне со американските пратеници, во пресрет на дводневното сослушување пред Конгресот коешто започнува во вторникот. Акциите на Facebook во понеделникот пораснаа на почетокот од тргувањето за 1,7 отсто.

Fаcebook е изложен на остри критики откако коосновачот на компанијата „ Cambridge Analytica“, којашто се занимава со обработка на податоци, откри дека информациите за повеќе десетици милиони корисници на социјалната мрежа биле преземени без нивна согласност и користени во политички кампањи.

Аферата со личните податоци на мрежата, ја натераа копанијата сериозно да се позанимава со заштитата на податоците на своите корисници, а првите промени доаѓаат уште денеска. Поголемиот дел од корисниците уште денеска на врвот на својот њусФид ќе можат да видат кои апликации ги користат, но и сите лични информации кои тие апликации ги користат.

Корисниците на социјалната мрежа Facebook во понеделникот од 18 часот по македонско време добиваат известување дали се наоѓаат меѓу 87-те милиони лица чиишто податоци ги користела британската пиар агенција „Cambridge Analytica“. Секој корисник на социјалната мрежа ќе добие една или две нотификации за тоа дали се употребени неговите податоци. Facebook на корисниците им јавува и кои апликации ги користат и какви податоци тие собрале.

Технолошкиот гигант во пресрет на истрагата ја суспендираше и компанијата „Cubeyou“. Ќе се истражува дали оваа компанија за анализа на податоците собирала информации за академски, а потоа ги користела за комерцијални цели, во соработка со прославениот универзитет Кембриџ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.