Цукерберг развива вештачка интелигенција за создавање виртуелни светови

Компанијата „Meta“, сопственик на најголемата светска социјална мрежа Facebook, развива вештачка интелигенција со цел да изгради виртуелни светови преку говор и превод меѓу различните јазици, објави во средата нејзиниот извршен директор Марк Цукерберг.

Цукерберг е убеден дека „метаверзумот“, футурустичката идеја за виртуелните светови во кои корисниците можат да работат, да се дружат или да играат, ќе биде наследникот на мобилниот интернет.

За „метаверзумот“, дигиталниот свет во кој се спојуваат физичката и виртуелната стварност, Цукерберг вели дека има многу начини на крајниот израз на социјалната технологија.

„А клучот кој ни ја отвора вратата на напредокот е вештачката интелигенција“, изјави Цукерберг на настанот „Inside the Lab“ кој го организира неговата компанија.

Додаде дека „Meta“ работи на нова класа вештачки модел на интелигенција којшто на луѓето ќе им овозможи да го опишат светот и да создадат негови делови.

Го илустрираше тоа со концептот на вештачка интелигенција „Builder Bot“ кој на корисниците им овозможува да опишат што сакаат да се создаде со вештачката интелигенција. Тоа го илустрираше со приказот на аватар на остров кој со говор ѝ наредува на вештачката интелигенција да создаде плажа и да додаде облаци, дрвја па дури и кебенце за пикник.

„Како што оваа технологија ќе напредува, ќе можеме да креираме нијансирани светови за само со помош на гласот да можеме да истражуваме и да ги споделуваме искуствата со другите“, рече Цукерберг.

Рече и дека „Meta“ работи на егоцентрични податоци, кои вклучуват гледање светови во „прво лице“, заедно со конзорциумот од 13 универзитети и лаборатории.

Се создава и единствен систем на вештачка интелигенција кој ќе овозможи преведување меѓу сите пишани јазиции, а се работи и на универзален преведувач на говор.

Од „Meta“ неодамна објавија дека нејзиниот истражувачки тим развил нов суперкомпјутер на вештачка интелигенција, кој кога ќе биде довршен кон средината на годината, ќе биде најбрзиот на светот.