Цукерберг се сретна со Трамп, ја отфрли идејата за продажба на Instagram и WhatsApp

Сопственикот на најголемата социјална мрежа на светот и истоимената компанија „Facebook Inc“, Мајкл Цукерберг, имал „конструктивна средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот во Белата куќа, соопштија од компанијата, а на состанокот во Конгресот ја отфрлил идејата за продажба на сервисите Instagram и WhatsApp.

Цукерберг се сретна со „креаторите на политиките за да слушне што ги загрижува и да разговарта за регулација на интернетот во иднина“, соопшти портпаролот на Facebook. „Имаше конструктивен состанок со претседателот Трамп во четвртокот во Белата куќа“, се наведува во електронската порака на Даниел Робертс до медиумите.

Претседателот Трамп, пак, на Twitter напиша дека имал „пријатен состанок со Марк Цукерберг во Овалната канцеларија“, без да наведува поединости.

Цукерберг, кој минатата година беше сослушуван пред американскиот Конгрес поради скандалот на британската компанија „Cambridge Analytica“, пред средбата со Трамп во четвртокот се сретна и со повеќе републиканци, меѓу кои и сенаторите Џос Хавли и Џон Корнин.

Првиот твиташе дека го предизвикал основачот на Facebook да покаже дека компанијата е „сериозна во врска со пристрасноста, приватноста и конкуренцијата“ со продажбна на Instagram и WatsApp и овозможување на независна тредта страна надзор над цензурата“. „Одговири не на двата (предлога)“, напиша сенаторот.

Корнбин, пак, вели дека на „отворената средба полна со почитување се расправаше за одговорноста на социјалните медиуми, регулациските предлози, изборната безбедност, приватноста и цензурата на конзервативните гласови во социјалните медиуми“.

„Facebook Inc.“ е една од најголемите компании од кои комитет за правосудство на американскиот Конгрес ги побара електронските пораки и правни поднесоци на почетокот од септември. Сојузните регулатори и главните обвинители во речиси сите 50 американски сојузни држави, исто така, покренаа сопствени против Facebook и Google.

Овој социјален медиум е критикуван бидејќи им дозволил на „тролови“, кои наводно ги поддржувала Русија, со објави на огласи да влијаат врз претседателските избори во САД во 2015 година на кои победи Доналд Трамп. Во јули годинавата американската влада го казни Facebook со пет милијарди долари поради кршењето на приватноста на корисниците, откако протекоа податоци за речиси 87 милиони корисници до кои имала пристап „ Cambridge Analytica“, политичка консултантска компанија со седиште во Лондон која две години претходно била ангажирана за собирање податоци кои се користени во изборната кампања на Трамп.