Цуклев: СДСМ за еден месец владеење ги задолжи граѓаните за 60 милиони евра

Секојдневно макединските граѓани во изминатите 37 дена откако СДСМ е на власт се задолжени дневно за по милион и 600.000 евра, а резултат е нула реализирани проекти, изјави во четвртокот за новинарите Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ

Освен задолжување, како што посочи Цуклев, видливи се само деструкција, укинување и блокади.

„Сметајќи со калкулациите на СДС од пред изборите, владата на Зоран Заев доколку продолжи со ова темпо на задолжување, а ќе продолжи, за една година ќе ги задолжи граѓаните околу 720.000.000 евра, а за четири години мандат граѓаните ќе бидат задолжени околу 2.880.000.000 евра“, предупреди претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Цуклев оцени дека тоа е сосема спротивно од она што го најавуваа од СДСМ во предизборната кампања.

„СДС изминатите години им се закануваше на банките дека нема да им бидат признаени државните хартии од вредност што ги купуваат од министерството за финансии, за денеска Тевдовски и СДС на истите тие банки им ги нудат државните хартии од вредност“, постсети Цуклев.

Според него, споменатите 60 милиони евра не придонеле воопшто за подобрување на животниот стандар на македонските граѓани. Односно, минималната плата не е зголемена на 16.000 денари како што ветуваше сегашниот премиер Зоран Заев, ниту, пак, просечната плата е зголемена на 30.000 денари.

„Докторите сé уште ги очекуваат ветените 100.000 денари плата, а нема отпочнато ниту еден километар од новите 500 километри автопат кои СДС ги ветуваа како капитална инвестиција. Милионски задолжувања и ниту еден реализиран проект. Недомаќинското работење на СДС почна уште првиот ден на мандатот и уверени сме дека ќе трае до последниот“, рече Цуклев.

Во средата беше пресметано дека владата на СДМС во споменатиот период ја задолжувала државата секој ден со 1.764.705 евра, oдносно секој час со 73.529 евра, секоја минута со 1.225 евра, а секоја секунда државата е задолжена со 20,4 евра или 1.250 денари.

Министерството за финансии на аукциијата на хартии од вредност во вторникот се задолжи за 27,2 милиони евра, а во средата доспеваа за враќање само 7,8 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираа дека министерот за финансии Драган Тевдовски, побрзал да се правда, но дилемата останува зошто СДСМ одлучи да повлекол цели 3 милиони евра повеќе од тоа што беше објавено во проспектот.