Цветан Кузманоски останува во Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен репрезентативец Цветан Кузманоски останува во редовите на Еурофарм Пелистер, откако го продолжи договорот со актуелниот вицешампион до јуни 2025 година.

За 22-годишниот Кузманоски ова е трета сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга.

Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, наметнувајќи се со своите игри претходно во Еурофарм Пелистер 2.

– Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола, изјави Кузманоски за клупскиот сајт на прволигашот од Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.