Цветанка Периќ е избрана за нов судија во Врховниот суд

Апелациската судијка од организиран криминал Цветанка Периќ е избрана за судија во Врховниот суд.

Членовите на Судскиот совет на денешната седница едногласно ја избраа Периќ, која била и прва на ранг листата од 4 пријавени кандидати.

Шемседин Јусуфи, член на Судскиот совет, рече дека се надева дека „Периќ ќе ја смени климата што владее подолго време во Врховниот суд, а особено довербата во судството“.

Врховниот суд веќе над 5 години воопшто не е биран судија.

На денешната седница на дневниот ред е и разрешување на претседател на суд, а според извори од судот станува збор за претседателот на Врховен Јово Вангеловски.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, во изјава дадена пред седницата, не сакаше да прецизира дали ќе се расправаат за евентуално разрешување на Вангеловски, бидејќи овие точки се затворени за јавност.