Цветанов: Целото зло е правено од Заев и 20-30 судии и обвинители

„Немојте вината да ја префрлате на сите судии. Целото зло е правено од Зоран Заев и уште 20-30 судии и јавни обвинители“.

Ова на Фејсбук го објави Ване Цветанов, до неодамна човек од доверба на поранешниот премиер.

Во својата најнова објава, Цветанов го преобјавува и познатиот разговор снимен меѓу Заев и најверојатно Александар Верушевски.

Плусинфо никогaш не објавувал снимки, но затоа ќе објави дел од транскриптот од оваа снимка, којашто се однесува токму на комбинациите што ги правел Заев за СЈО и за судството. Истиот Заев кој сега обвинува судии за предавство на идеалите на Шарената револуција.

Еве дел од транскриптот:

„Зоран Заев:

И доаѓаа два-три пати тука кај мене, значи Врховниот суд ја донесе одлуката и таа одлука се до Врховниот суд додека стига е таа одлука.

Доле гледаш заебаваат, основни… не знаат како да постапат, лавираат… Ние политички не смееме многу ова заради граѓанскиот сектор, сега во законот го ставивме дека материјалите важат до 30 јули 2017-та, финито, готово тоа и за ДУИ е важно и тоа е дел од решенијата кои ги нудиме.

Со самиот закон се затвора, се што е после 30-ти, остануват живи само 18-те предмети.

Зоран Заев:

Доближува гласањето у парламентот, јас и викам, значи тоа го кажувам. Дојде Оливер, Радмила, корегираа, другите – абе чоек што праиме, се знае што се прави позадински.

На пример што правам јас, кога правиш за сите правиш, генерално сум поставил сам, сум против притворите сум, јавно кажувам со се.

Викам ОК, треба ли тоа у парламент да биде или не треба, ако сакате да се откажува у парламентот.

Викаат не, не важно у парламентот, па извинете врзани се пратениците, помагал чоекот (Мијалков), тоа е, сум го кажувал тоа.

Зоран Заев:

Втора работа, објаснувајќи на сите дека треба да се случат сите овие работи, значи комбинациите кои што се правени тогаш со Катица, со Оливер, со Радмила, со сите што се чинители тука, да знаат дека се обидуваме да дојдеме до бројки, до се… филмовите се правени комплетно дека луѓето не треба да одат во притвори, имат си дела, нека си одговараат… итн и готово.

И кога слушнаа за Врховен суд, знаеја, не се паднати од Марс. Јас на сите сум кажувал принципиелно, таа работа мора да ја истераме до крај, 18-те ќе се тераат.

Зоран Заев:

Паѓа Талир 2, паѓа Поштенска банка, паѓаат еден куп предмети, паѓа на Али Ахмети попис, и готово, целиот тој ризик е тој.

Зоран Заев:

Почнаа да тепаат невладините организации, граѓанскиот сектор… знаејќи го тоа се, ако го издржавме тоа, нема како.

Она знае што се случува во тој момент и знае што мора да се случи, значи ако она не ги заврши работите, судот ќе ги заврши.

Така одат работите, судот носи одлука и спротивно мислење. Така да во тој период тоа се случи.“

Ова е постот на Ване Цветанов:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.