Цветков: Секоја можност за надминувањето на проблемот за откупот на грозјето ќе биде разгледана

Tој нагласи дека нема да дозволат грозјето да остане на нивите.

– Државата ќе направи се да не пропадне ниту едно зрно грозје и се надевам дека тоа и ќе го оствариме. Она што винариите не можат да го откупат како винско грозје да оди за дестилат. Ние во секој случај ќе ги обесштетиме лозарите, но на кој начин се уште треба да почекаме може ќе се откупи грозјето. Во понеделник ќе донесеме информација што понатака, истакна Цветков.

Временските услови, нагласи, придонесуваат да не дојде до капење на грозјето, а подрачните единици се излезени на терен денеска и утре треба да направат преглед колку грозје не е собрано,  да дадат информација во каква состојба се наоѓа и во четврток ќе има информација врз оснива на која ќе донесеме решение што понатака.

Во однос на откупот на црвената пиперка, тој посочи дека е стабилизиран и оти се откупува по цена од 14 денари. Ги повика земјоделците да потпишуваат договори со преработувачките капацитети за да не се повторува проблемот

–  Мораме да прекинеме со вакво стихиско работење во земјдоелието. Договоривме цени но за жал не се почитуваат, бидејќи ние кога ги договориме овие цени земјоделците и преработувачките капацитети не потпишаа договор. Оние земјоделци што потпишаа договор со преработувачките капацитети, пиперките им беа откупени по тие цени, изјави Цветков.

Тој најави дека отсега закажал состанок со земјоделците од струмичко за 20 јануари 2017 година кој преработувачките капацитети треба да кажат колкави количини им се птребни и кои ќе бидат цените, а земјоделците да направат договри уште тогаш.

–  Капијата лани имаше добра цена, земјдоелците засадија поголеми површини и се појави хипер продукција. Лани имаше извоз за Србија и Бугарија, но годинава нема и целото прозиводство ќе се релаизира во Македонија преку преработувачките капацитети, истакна Цветков.