„Д Фестивал“ помина со максимално почитување на здравствените протоколи

Музичкиот хепенинг „Д фестивал“, се одржал со распродадени влезници и максимално почитување на здравствените протоколи.

Како што велат организаторите „Пасворд продукција“, единствната летна авантура во Македонија, што се одржа во саботата на главната бина во Дојран поминала во беспрекорна организација од почеток до крај.

„Голем аплауз за најдобрата публика на Д фестивал која помогна фестивалот да порасне во стандард за организација на концерти. Великаните на македонската музика, едни од најквалитетните музички изведувачи на домашниот терен – Суперхикс, Бернејс Пропаганда, Плутос Даутс, Дон Плеја, Бон Праскиза, Принцес Донатсу, Глуми и ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце, Ронин и Страјк“, велат од „Пасворд продукција”.

Паркингот „Гранит” бил исполнет по сите стандарди и препораки за заштита од корона вирусот, а атмосферата во текот на целата вечер била весела, безбедна и разиграна.

„Расположението на публиката, за нас, а и за изведувачите е најголемата награда за целиот вложен труд во организирање на еден ваков настан, одржан во посебни услови и првпат во историјата на фестивалот. Веројатно и еден од ретките европски фестивали кои успеjаа да го одржат својот континуитет. „Д Фестивал и пријателите” ќе се памети како изданието кога организацијата, изведувачите и публиката, заедно создадоа нови вредности, соодветни на времето во кое живееме“, истакнуваат организаторите.

Тие најавуваат дека идната година фестивалот ќе се одржи од 2-4 јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.