Д-р Бухова: Сите медицински лица би требало задолжително да бидат вакцинирани

Д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во денешен Утрински брифинг зборуваше за вонредната инспекциска контрола извршена во 18-те модуларни болници во Македонија, но и за други теми кои се однесуваат на ковид објектите.

-Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај. вели Бухова.

-Ковид одделенијата имаат апсолутна забрана за посета, потсети д-р Бухова.

ДЗСИ нема забелешки на санитарните услови во модуларните болници како и справувањето со медицинскиот отпад. ДЗСИ нема ингеренции од аспект на градежниот дел туку само од санитарниот дел.

-Го контролираме санитарните услови на објектите и санитарната состојба на вработените. Не би не изненадите интрахоспитални инфекции, вели докторката.