Д-р Цана му порача на Филипче: Не споделувај информации, преземај одговорност!

Одговорност од министерот Венко Филипче побара инфектологот Фадиљ Цана од Инфективната клиника во Скопје.

На Твитот на Филипче дека се упатил кон Тетово, Цана кусо одговара: „Не споделувај информации, преземај одговорност“.

Д-р Цана е еден од јунаците кои од почетокот на ковид кризата е во првите борбени линии во справувањето со вирусот. Пациентите имаат многу пофални зборови за него, дека пред се се работи за човек, кој патем е и лекар.

Доктор Фадил Цана е првиот доктор кој се соочи со работна задача на своето работно место во Инфективна клиника во Скопје, да спроведе тест за присуство на корона вирус кај пациент кој пристигна од Италија во март 2020 година.

Жестоко реагираше и доктор Жаклина Шопова, инфектолог, вработена на ЈЗУ „Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби“ – Скопје.

Таа во својата фејсбук објава прашува каде се задолжителните обуки за брза евакуација на пациентите и вработените во здравство!?