Д-р Дохчев: Кај еден од двајцата пациенти е отфрлен трансплантираниот бубрег

95

За жал, вчера едниот трансплантиран бубрег не профункционира и моравме да го извадиме изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“  д-р Сашо Дохчев, директор на Урологија.

За другата пациентка немам што да кажам, поминавме одлично без компликации и веќе вториот ден се нормализираа оние деградациони продукти во крвта кои се параметар за успешноста на трансплантацијата ио таа е добро.

Кај пациентот од кој го извадиме трансплантираниот бубрег од старт имавме проблеми и дилеми дали воопшто да почнеме со трансплантацијата, затоа што од самиот почеток знаевме дека едниот од бубрезите кај кадаверот беше помалку вреден.

Но, сепак се одлучивме да помогнеме на уште еден пациент, кој беше на листата на чекање, појасни докторот во „Утрински брифинг“.

Двата бубрези беа од пациентка која загина во сообраќајка од која за прв пат во државата беше трансплантирано срце на Клиниката за кардиохирургија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.