Д-р Глигоров: Болните од рак треба да се вакцинираат против ковид-19

Пациенти кои се лекуваат против рак или пак кои имале рак, треба да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи постои поголем ризик на агресивни форми на ковид-19 со зголемен морталитет, смета докторт Жозев Глигоров (54), во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК,

Д-р Глигорв е професор по медицинска онкологија на светски престижниот Универзитет Сорбона и лекар на Одделот за медицинска онкологија во болницата Тенон, Париз. Тој потекнува од Струмица.

-Исто така, докажано е дека онколошките пациенти имаат бенефит од вакцинација со намален број на агресивни форми и морталитет. Затоа, кога почна кампањата за вакцинација во Франција, после возрасните лица, пациенти со коморбидитети меѓу кои и онколошките пациенти имаа приоритет за вакцинација, вели д-р Глигоров.