Д-р Харис Бабачиќ: Епидемијата не е под контрола, не се опуштајте, се враќате назад

Д-р Харис Бабачиќ, од Каролинскиот институт во Шведска, предупредува на зголемување на репродукцискиот број во Македонија.

„Просечниот репродуктивен број на SARS-CoV-2 во Македонија од први мај до денес е 1.31 (99% интервали на доверба: 1.02-1.60). Поедноставено, тоа значи дека во просек од 10 заразени, 7 заразувале по еден, тројца заразувале по двајца. Епидемијата не е под контрола, бранот не е завршен! Ве молам не се опуштајте и земете го ова многу, многу сериозно. Со ваков репродуктивен број се враќате назад“, напиша д-р Бабачиќ на Фејсбук.

Инаку, д-р Харис Бабачиќ во 2015 година година дипломираше на Медицинскиот факултет во Скопје со просек 10 и беше прогласен за најдобар студент во генерацијата. Сега работи во Каролински институт во Шведска.