Д-р Кисиќ предупредува: Немојте да пеете на веселби, така најлесно се пренесува короната

Доктор Дарија Кисиќ Тепавчевиќ вели дека луѓето премногу се опуштија по олабавувањето на мерките и тоа може скапо да не чини. Таа предупредува на опасноста од ширење на вирусот кој може да се случи, на забави, концерти, но и на семејни веселби.

„Пеењето на веслбите е многу лесен начин на пренесување на корона вирусот. Тоа е препознаено како како фактор на ризик и мораме да се воздржиме од таквото однесување додека вирусот е активен. Личната одговорност е најважна“, потсетува Тепавчевиќ.