Доктор Ненад Лазаров е еден од не многуте кои со реакција се јавија по објавувањето на документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница.
Тој повика секој да ја погледне истражувачката сторија.
– Истекуваат и 24 часа како фактографски во документарецот на ИРЛ ви беше прикажано дека заради личен профит живи гореа луѓе во т.н. монтажна болница, конкретно се посочени и виновници. Не очекувам протести по улица, она што ме боли е молкот на сите вас т.н. интелектуалци, а повторно се потврдува и дека медиумите се еден од најголемите непријатели на народот! – порача д-р Лазаров.
Видно револтиран констатира:
– Како ли ни се смееле додека одевме од болница во болница од крај на крај на земјава, по карантини и ноќи да однесеме се можно што успевавме да обезбедиме со помош на народ или што направивме од заштитна опрема, за колеги медицинари оставени голи и боси да се борат со непознато, со хируршки маски против аерогена болест, додека нив им вртел бројчаникот…