Д-р Лазаров: Идиотски е да нема термини за тестирање за ковид, 3 од 5 дена не ви функционира здравствен електронски ситем!

„Недозволиво е да нема мамографии и ехо, недозволиво е да се суспендираат сите превенции зошто терциерни клиники се направени лежални за болни од ковид каде скоро ништо освен кислород не добиваат. Апсурдно е да се суспендира оперативен програм, кој Q онда правите ковид тестови за било каков прием? Лудачки е да барате извештаи од контролни специјалистички прегледи на 6 месеци за да земе терапија хроничен пациент а термини нема со месеци никаде, буквално“!

Ова го истакнува доктор Ненад Лазаров, на својто Фејсбук профил.

-Идиотски е да нема термини за тестирање за ковид, или кога има тоа да биде по неколку дена, малоумно да не можам да препишам лек кој му треба на пациент! И врв на неспособност е што во последниов период, 3 од 5 дена не ви функционира здравствен електронски ситем! Што праите бе вие по цел ден по фотељи??? Ова е веќе хорор од 2 години, истакнува тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.