Д-р Лазаров: Разрешени медицинските стестри од Инфективната клиника кои најавија откази

Доктор Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари објави дека сестрите од Инфективна клиника кои се заканија со отказ биле разрешени од позициите.

„Инаку, медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот, другиот ден,експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот“, напиша Лазаров на фејсбук.

Истиот лекар на 29 септември објави дека главната сестра на Инфективна клиника и уште две одделенски сестри дале отказ.

Тој тогаш објави и документи од неговите колешки кои се жалат дека нивната работа е непочитувана, иако претставува најважна алка во медицинскиот тим.

Веќе следниот ден сестрите на разговор ги прими министерот за здравство Венко Филипче.