Д-р Марковски: Власта нема ниту план, ниту стратегија, а со 10 илјади вакцини не можеме да ја решиме пандемијата

Доктор Вело Марковски вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија истакна дека власта нема ниту оперативен план ниту стратегија за пандемијата, а со 10 илјади вакцини не може да се реши пандемијата во земјава.

Пред само пет дена министерот за здравство рече дека не ни се потребни мерки, дека овој бран ќе помине за шест до осум недели веројатно имаат податоци за грип затоа што епидемиите со грипот поминуваат од шест до осум недели, за корона и други вирусни инфекции не е тоа карактеристично, вели Марковски.

Тој потенцираше дека за да велиме дека мерките се закаснети нам ни се потребни многу податоци кои за жал не ги добиваме, заради немањето на транспарентност.

Една работа која доминира преку целата година е зошто не се објаснува за мерките кои се носат зошто тоа се прави и која е нивната цел, како што беше претходната мерка полициски час од 22 часот која немаше логика, но министерот за здравство објаснуваше дека имаат податоци дека младите се шетаат, а студии покажуваат дека младите до 19 години имаат ниско ниво на антитела, но за да донесете ваква мерка прво треба да го тестирате истото и да видиме колкава е позитивноста кај нив за да носиме таква мерка, вели Марковски.
Марковски појасни дека во ваква ситуација потребна е стратегија, а властите ниту еднаш преку цела година не излегоа со стратегија и со план.

Доктор Марковски објасни дека ако целта е да се одморат лекарите и медицинскиот кадар подобро ќе беше да се затвориме целосно на четири, пет дена затоа што толку е и инкубација на вирусот, ако се сакаше тоа да се постигне, а целта е природно да се повлече вирусот или ако се оди на колективен имунитет тоа се други цели и различни мерки за нив.

За мене вакви мерки се носат доколку болничките капацитети се преполни и ако немаме или сакаме да ги одмориме докторите тогаш целосно затворање на неколку дена би го постигнало тоа, но и таа мерка нема да ја реши пандемијата, па и да е тоа така се нема никаков план, појасни Марковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.