Постојат не само можности за примање четврта доза, туку и можности за бустер доза која ќе биде адаптирана на омикрон варијантата, предупреди д-р Злате Мехмедовиќ за Канал 5.
Двете дози вакцини против коронавирусот создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува „ѕидот“, објаснува д-р Злате Мехмедовиќ за Канал 5.
Тој посочува дека иако сè уште е рано, сепак, постои можноста за примање четврта доза.
– Третата бустер доза против коронавирусот е сосема доволна кога е во прашање омикрон варијантата. Постојат повеќе сценарија што може да ги предизвика омикрон мутацијата, која е прилично нова варијанта. Постојат не само можности за примање четврта доза, туку и можности за бустер доза која ќе биде адаптирана на омикрон варијантата. Сепак, омикрон сојот е нов сој и засега сè уште се следат неговите карактеристики – објасни д-р Мехмедовиќ.