Д-р Пановски: Како прележан може да донира плазма, а не може да влезе во кафуле?

Владата на почетокот од неделава усвои нови мерки со кои на неимунизираните, односно на оние кои немаат сертификат за примена барем една доза, од 16-ти август нема да им се дозволи влегување во ниту еден објект каде има повеќе од 30 лица.

Граѓаните кои не сакаат да се имунизираат најавија протест пред Собранието, а многумина од епидемиолозите се изјаснија дека во целост не се согласуваат со мерките. Најголем акцент се стави на тоа што оние со една доза смеат да влезат во угостителски објект иако не се потполно заштитени, а оние кои прележале и имаат антитела по природен пат го немаат тоа право.

-Мерките на власта се нелогични и задоцнети. Како некој дарувал плазма со антитела,  ама не смее да влезе во кафуле, вели во интервју за тв 24 професорот Никола  Пановски.

Порачува дека одговорноста за состојбата со болеста е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници е огромна.