Д-р Пановски: Поделеноста ни се удри од глава, Комисијата требаше да не попушта под никакви околности, се направија две грешки

А тие луѓе во Комисијата се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразани ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи. Требаше да не попуштаат под никакви околности, но  науката беше потисната – рече проф.д-р Пановски.

Тој рече дека требало пред две недели да реагира и вицепемиерот, и техничкиот премиер, и техничкиот министер за внатрешни работи.

– Се потврди старата вистина дека контролата затаила, особено пред избори, и можеби стравот дека ќе „пукне“ поголем инцидент од инфекцијата со вирусот. И во моментот кога требаше да се разлабават мерките во општините каде се намалува бројот на заболени – тие да се наградат, а полицискиот час никако не требаше да се  укинува, немаше потреба тој да се укине. Немаше логика ниту автобусите бесплатни за пензионерите да се пуштат. А тие луѓе во Комисијата за заразни болести се постручни и повеќе знаат, знаеја повеќе од мене дека бројот на заразени ќе расте, но тие излегоа на прес на 25 мај, како да имаа некоја наредба, ургенција така да постапат, а тоа мене како на доктор ми пречи. Требаше да не попуштаат под никакви околности, но  науката беше потисната. А доволно е неколку  дена таа да затаи и од разни причини да не се истакне пред политиката и да се случи тоа што се случи – рече проф.др Пановски.

Пановски истакна дека властите во справување со коронавирусот направиле две крупни грешки, пропусти со контролата на границите, и пропусти во однос на верските празници.

-Во врска со целокупната состојба со коронавирусот во земјава се направени две крупни грешки, на почетокот ситуацијата со контролата на аеродромите и граничните премини, иако имаше време не беше ригорозно иако требаше, првиот бран беше од луѓето кои доаѓаа од западна Европа. И вториот бран со верските празници со кои се дозволи поголемо ширење на вирусот. Да не се направеа овие пропусти ќе бевме како Албанија и Косово, да не зборам за регионот каде сме далеку и неможе да се споредиме со европските држави кои добро се справија со состојбата, вели доктор Пановски.

Пановски вели дека бројката е зголемена за пет пати, а кога се гледаше дека расте бројот им се дозволи на луѓето да се движат каде сакаат.

-Жариштата се знаеја требаше да се затворат, затоа што кога имате пожар го локализирате, не му додавате дрва, со разлабувањето на мерките тоа е како на пожарот да му пуштаме ветер или да го раздувуваме, истакна доктор пановски. Пановски рече исто така дека мерките кои претходно се донесоа на 30 случаи имавме полициски час од 13 часот, за разлика од сега кога имаме далеку поголем број случаи, а разлабавени мерки. Можеби предходно имаше помалку заболени затоа што поселективно се тестираше, посочи Пановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.