Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена стевановиќ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа појасни дека здравствените работници за прв пат се соочуваат со крајно непредвидлив вирус, од кој битката со него ја губат и пациенти кои ги лекуваат и цели 8 недели.
-Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда.
Во однос на високиот број смртни случаи, д-р. Стевановиќ истакна дека е очекувано бројот на да биде поголем со оглед , бидејќи и бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти е поголем.
– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност, потенцираше д-р. Стефановиќ во синоќешното гостување во ТВ 21.