Д-р Зафировски: Властите да не ја игнорираат заканата од делта варијантата, да се тестира за влез во земјата

Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на коронавирусот рече во неделата д-р Оливер Зафировски од ВМРО – ДПМНЕ и препорача на граничните премини за влез во земјата да се воспостави систем за тестирање.

Зафировски посочи дека според она што досега им е достапно на стручњаците како информации, може да се смета споменатата мутација на вирусот е далеку позаразна, побрзо се шири, ја опфаќа младата популација и поголеми се можностите за компликации.

„Меѓутоа, од друга страна, власта нема план на повидок како да го заштити населението. Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола“, истакна д-р Зафировски.

Оцени дека малото присуство на Covid-19 во Македонија и самата големина на државата даваат одлична можност да се превенира „огромен“ епидемиски бран оваа есен.

„Сѐ што треба да стори (министерот за здравство, Венко) Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира ковид-позитивни да влезат на територија на Македонија слободно. Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно“, рече Зафировски.

Инсистира дека „крајно и најбитно“ е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението.

„Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен“, појасни Зафировски.

Истакна дека е потребно актуелната власта да каже и како планира да обезбеди нови дози вакцини, но и да ја запонзае јавноста до каде се најавените анводно купени 800.000 дози од вакцината на „Pfizer/BioNTech“ и 200.000 дози вакцини од „Спутник V“.

„Како што известуваа ги нарачале, а еве веќе четири месеци ни трага ни глас од нив. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина“, заклучи д-р Зафировски..