Да му помогнеме на Кико да ја добие најтешката битка – донирајте и споделувајте

Здравствената состојба на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван е влошена, додека се уште трае собирањето на донации за да биде испратен на лекување во Турција. Моментално е сместен во приватна болница во Скопје и се чека да биде барем малку подобар за да може да се префрли на лекување во Турција.

За жал, во моментов докторите сметаат дека Кико нема да може да го издржи патот.

Хуманитарна акција започна и јутуберот Стефан Лазаров.

„Ниту еден доктор не се нафаќа да потпише документ за Кико да може да оди дури и со медицински авион за Турција, бидејќи нема да го издржи патот. За Кико да може да го издржи патот мора да биде подобар колку-толку до понеделник, за во вторник да патува. Во болницата во Штип тоа нема да се случи никогаш затоа што нема ниту лекови, ниту услови за него во овој момент“, напиша Лазаров.

За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Трошоците се зголемуваат поради влошувањето на состојбата односно специфичниот трансфер.

Броеви за донации:
A1 – 143 471
Телеком – 143 130

Трансакциска сметка: 200004087594930 – СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, на име Катерина Коцева.

Платформа за донации: Gofundme.com