Да му помогнеме на Патрик да ја најде Македонката со најубави очи

Приказната на Словенецот Патрик кој се заљубил во Македонката со најубави очи е доказ дека љубовта на прв поглед и романтичните приказни постојат.

Тие се запознале додека непознатата Македонка била на посета во Словенија.

Се сретнале на мостот Tromostovje (Triple Bridge) во Љубљана, зборувале, се смееле, танцувале, но накратко таа морала да замине.

Засега, со оглед на јавното обраќање на Патрик, љубовта од негова страна е потврдена, но дали истото го чувствува и девојката ќе се дознае доколку успее да ја пронајде.

Патрик се вљубил во нејзините очи кои не може да ги заборави. Единствен податок што веројатно го знае за неа е дека најверојатно студира на Факултетот за социјални науки.

Токму затоа, испечатената порака ја залепил таму, со надеж дека ќе ја прочита и ќе му се јави на некој од контактите кои ги има оставено.