Да не бидеме црна овца, ќе се урнат шест платформи, чекаме фидбек од УНЕСКО, изјави Мерко

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко најави дека шест платформи поставени во Охридското Езеро ќе бидат отстранети, а другите имале одобренија за градба.

Kонцесионерите на плажи во Струга денеска почнаа сами да ги отстрануваат платформите.

– Во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме црна овца и да се солидализираме со своите колеги од Охрид, С.Македонија да не го изгуби статусот на УНЕСКО, односно да може уште повеќе да се инвестира. По оваа наша солидарна работа чекам фидбек од државата и УНЕСКО да ни даде план за развој. Чекаме фидбек од државата и од Комисијата на УНЕСКО, да имаме план за одржување на трската, која од 50 хектари сега има 300 хектари трска, за да уште повеќе го развиеме градот – рече Мерко.