Да не се палат стрништа и нискостеблеста шума

Според информацијата од Противпожарната единица во Велес во изминатите денови во реонот на велешко избувнале неколку пожари во кои изгореле десетици хектари ниско стеблеста дабова шума во реонот на Богомила и уште неколку велешки села.

Воедно во реонот на селата Раштани, Белештевица и Слп изгореле и два –три хектари со неожнеано жито. Вакви пожари имало и во близина на село Иванковци.

Љупчо Лепидовски Командир на ППЕ, апелира до земјоделците да не ги палат стрништата, а до граѓаните да не ја палат нискостеблестата шума бидејќи потоа последиците и по останатата шума и животната средина можат да бидат со огромни.

-За жал во најголем дел причинител на пожарите е факторот човек свесно или несвесно, но има и такви кои собираат печурки по шумите и  кои ја палат ниско стеблестата  шума за на тоа место да никнат печурки. Тие сметаат дека ќе заврне дожд, но, тој често знае да изостане, а пожарот брзо се шири и може да биде голема опасност и по околната шума и да ја уништи како што беше случај во изминатите лета. Затоа апелираме до нив и нивната совест да не ја палатниско стеблестата шума, потенцира Лепидовски.

Воедно информира дека и годинава со земјоделците имаат едукативни предавања за да не ги палат стрмништата со што ја уништуваат животната средина. Такви предавања веќе се одржани со земјоделците од велешкото село Иванковци коиј е најголем производител на жито. Тој потсетува и дека казните за палење стрмништа се високи.

Лепидовски информира дека и годинава имаат добра соработка со ЈП МЖ со кои од мај па во текот на целото лето покрај пругата сообраќа возот – со две цистерни вода.

– Ние веќе три пати го полниме возот – цистерна и тој сообраќа покрај пругата и истура вода кога е многу топло, а возовите фрлаат искри кои лесно можат да ја запалат тревата ,а потоа да се прошири и на околната шума. Воедно имаме и заеднички противпожарни екипи во случај на пожар  со вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ и ЈКП „Дервен“ и соработката на тој план е одлична, потенцира Лепидовски.