Да очекуваме ли нова финансиска криза?

Тој верува дека веќе „надуваниот балон“ на пазарот на недвижнини порано или подоцна ќе „експлодира“. Потоа треба да се очекува нова хипотекарна криза и рецесија во светската економија.

Рубини, кој управува со инвестицискиот фонд „Рубини глобал економикс“, е прв меѓу познатите меѓународни економисти кој предвиде избивање на глобалната криза во летото 2008-ма година, истакнувајќи дека таа голема криза како последица ја имала и серијата колапси на пазарите на недвижнини во многу земји, вклучувајќи ги и најразвиените.

Тој потсетува дека хипотекарната криза прво изби во САД, развивајќи се потоа во голем финансиски проблем кој по најголемата светска економија, ги погоди и Велика Британија, Шпанија, Ирска и многу други земји.

„Пет години подоцна, повторно сме сведоци на нови финансиски проблеми, ако не и на „вистински балон“ на пазарот на недвижнини во Швајцарија, Шведска, Германија, Франција и во некои други европски земји, но и Канада, Австралија, Нов Зеланд, а пред се’ во Велика Британија“, уверува Рубини.

На пазарот на економиите што бележат забрзан раст, според него, е забележана појава на „балон“ на пазарот на недвижнини, што е случај со Хонг Конг, Сингапур, Кина и Израел, но и во големите градски центри какви што има во Турција, Индија, Индонезија и Бразил.

Рубини тврди дека во услови на забавен економски раст, висока невработеност и ниска инфлацијата, големата ликвидност, на која влијае политиката на централните банки, доведува до раст на цената на активата, зголемувајќи ја цената на недвижнините.

Сега во многу земји се создаваат услови за повторување на последната криза на пазарот на недвижнини „во забавен режим“.

„Претходната криза не’ научи на еден прост и едноставен закон: Колку е поголем ’балонот’, тоа ќе биде потешко за соочување со реалноста“, додава Рубини.