Да се направи регистар на сите имами во ЕУ, бара австриската министерка за европски прашања

Министерката за европски прашања во австриската Влада, Каролина Едстадлер, бара регистрација на сите имами во ЕУ.

-Верувам дека во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да се воспостави европски регистар на имами потенцира таа во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“.

Едстадлер објасни дека со фактот дека повеќето имами патуваат низ земјите на ЕУ, па затоа е важно безбедносните власти да знаат кој во која џамија проповеда.

Според неа, треба да се внимава парите од новиот буџет на ЕУ да не стигнат до организации и здруженија кои застапуваат исламистички и антисемитски ставови.

Едстадлер смета дека за такво нешто ќе биде потребна построга контрола на буџетот на ЕУ. Таа исто така посочува дека во ЕУ треба да се воведе забрана за финансирање џамии и муслимански здруженија од странство, што Австрија веќе го стори тоа.