Да се потпише договор со Грција без никакви гаранција, па тоа ни мало дете не го прави!

Јован Донев, поранешен амбасадор во гостувањето во емисијата „24 Отворено“ истакна дека Зоран Заев не дојде на власт за да ја внесе Република Македонија во ЕУ, туку да бил насочен кон тоа, немаше да се случат сите овие скандали во државата.

-Како ќе потпишете договор со Грција без никакви гаранција , па тоа ни мало дете не го прави во кафана кога ќе влезе, потенцираше Донев. Тој во своето гостување рече дека за да се потпише договорот со Грција, Заев требал да побара меѓународни гаранции од земјите членките на НАТО.

-Договорот со Грција не е билатерален договор за да го решиме течењето на реката Вардар, тоа беше договор во којшто требаше да го смениш името за да ти отпочнат преговори. Пред потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија најмалку 10 луѓе укажуваат на грешките и последиците што ќе се случат порача Донев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.