Да се поттикне критичното размислување кај учениците

Да се поттикне креативно, критичко и иновативно размислување кај основците и средношколците, наспроти учењето само од книги, е целта на новата иницијатива „Петок за млади“ што денеска ја промовираше Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што рече директорот на Фондот Јован Депостовски, иницијативата за почеток ќе се организира двапати месечно. Се’ уште е во експериментална фаза и е отворена за секакви предлози.

– Сакаме да ги поттикнеме младите да го кажат своето мислење макар и да е погрешно, да кажат „не“, да не читаат се од книги, туку и сами да размислуваат и да се обидат да направат нешто без да се плашат, рече Деспотовски.

На промоцијата, пет екипи средношколци од различни училишта ги презентираа своите иновативни предлози од циклусот истражувачи. Присуствуваа и ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ кои се добитници на првата награда.

Учениците од „Димитар Миладинов“ во рамки на „Петок за млади“ денеска во просториите на Фондот со креди во боја ќе цртаат дел од ѕидот, а ќе добијат и подароци.