Да се реши проблем во Македонија – нужно е некому да му пукне филмот

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ реагира во врска со вчерашните апели од струмичката болница за набавка на амбулантно возило. Како што вели, нема да навлегува во причините од каде, како и кој обезбедил пари за возило, бидејќи набавката е неопходна, но важно е јавноста да знае колку е лицемерна власта.

Пред само неколку дена на седница на Комисијата за финансирање и буџет, се образлагаше нашиот Амандман заверен под архивски број: 08-3488/92 кој се однесуваше за итната потреба од набавка на ТРИ вакви амбулантни возила за Струмица! За ЛИЦЕМЕРИЕТО да биде поголемо, тогаш пред само неколку дена, Амандманот беше ОДБИЕН од страна на истата оваа власт која денес НЕКАКО СЕ СНАШЛА. Навистина ми е жал што за да се реши било каков проблем, во Македонија, НУЖНО Е НА НЕКОЈ ДА МУ ПУКНЕ ФИЛМОТ!