Да се вакцинираат децата или не? Прашање е сега!

Државата е упорна да го спроведе вакцинирањето, па дури и со радикални мерки и казни, иако дузина скандали имаше во јавноста со вакцините., па дури и министерот Филипче лажно го вакцинираше своето внуче! Засегнатите родителите кои решиле да не ги вакцинираат своите деца, се револтирани и сметаат дека одлуките на надлежните се спротивни на уставот, но и на конвенцијата со која се заштитуваат правата на децата, а која Македонија ја има ратификувано.

Деновиве во јавноста се судираат различни аргументи откако владата донесе заклучок дека на училиште ќе може да се запишат само вакцинирани деца.

Според изјавата на министерот за образование, Арбер Адеми, училиштата ќе може да примаат документи за упис на деца и кои не се вакцинирани, со што би им се дало простор на родителите до септември да ги вакцинираат. А, доколку и дотогаш не го направат тоа, ќе има теренска вакцинација.

Вакцинирањето го проследија дузина скандали. Од вакцини облепени со двојни декларации, со изминат рок, до тоа што министерот Венко Филипче се обиде да ја изманипулира јавноста со лажно вакцинирање на своето внуче! Но, исто така и со шпекулации дека државата измислува епидемии, само за да се трошат вакцините и да се трошат огромни суми народни пари за набавки на нови.

Во одбрана на основното право што во случајот им се нарушува на децата кои треба да се вклучат во образовниот систем, се јави и народниот правобранител, од каде што се потенцира дека децата не смеат да бидат оштетени од мерките на надлежните со што не се дозволува упис во училишта за невакцинираните.

Оттаму се категорични дека забраната не го решава проблемот, туку само отвора друг проблем.

Реагираше и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ која укажа дека ниту едно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус.

Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки за да го заштити населението и истото тоа го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца. сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од неа, како и за квалитетот и безбедноста на вакцините. Во насока на погорекажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, наедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со различни афери, посочија од Меѓаши.

Засегнатите родителите кои имаат свои аргументи и решиле да не ги вакцинираат своите деца, се револтирани и сметаат дека ваквата одлука на надлежните е спротивна на уставот, но и на конвенцијата со која се заштитуваат правата на децата, а која Македонија ја има ратификувано.

Група родители веќе се подготвуваат да ја тужат државата на Меѓународен суд, за дискриминација на нивните деца и кршење на нивното уставно право за образование.

Државата нема  алтернатива за образование на децата кои нема да се вакцинираат

Од Здружение на граѓани за заштита на човековите права, „Здравје со игла не влегува“ прашуваат со која динамика ќе се вакцинираат децата со сите задолжителни вакцини, во период од еден до два месеци, кога тие вакцини според календарот за имунизација се примаат за период од пет до шест години?

Дали е основано, возможно и медицински оправдано ова барање? Дали се спроведува некој експеримент, па покрај епидемијава од морбили се бара и целосно пополнет картон и за болести кои не се дел од истата? Или имаме и епидемија на дифтерија, тетанус, пертусис, хепатит Б, туберколоза итн? Кој ќе ја сноси одговорноста за шокот и последиците кај дете кое во два месеци би било подложено на погоре наведеното? Дали државата има програма за обештетување на лица кои се оштетени како последица на вакцина? Дали државата има алтернатива (домашно образование) за децата кои сепак нема да бидат подложени на погоре наведеното? Освен нов тендер, каде се санкциите за Македонија Лек?, велат од здружението.

Во член 46 став од Закон за основно образование се наведува дека „При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа”. Но, сепак во Законот не постои забрана за упис на деца во прво одделение доколку се достави потврда со делумна вакцинација, или пак потврда во која стои дека детето нема примено ниту една задолжителна вакцина.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се обиде неколкупати јавно да го одбрани ставот дека заради епидемијата на морбили која ја зафати Македонија, неминовен бил овој чекор, ставајќи акцент на фактот дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ставајќи го како приоритет индивидуалното здравје.

Образованието како основно човеково право

Сепак, колку и ова да звучи како прилично доволен убедувачки аргумент, од друга страна, се чини дека аргументите на родителите кои решиле да не ги вакцинираат своите деца, се правно многу повеќе издржани.

Без да се навлегува во исправноста на нивното решение, и дали и колку се штетни вакцините, единствен и круцијален аргумент кој е на страна на родителите е дека образованието е основно човеково право и задолжително е да се обезбеди пристап до квалитетно образование за секое дете. За секое, значи без разлика, дали тоа дете е вакцинирано или пак не… А, во таа насока, проблемот станува ште по конфузен поради тоа што во Македонија основното и средното образование се задолжителни со закон, па не е јасно на кој начин децата кои не се вакцинирани ќе бидат оставени надвор од образовниот систем.

1.500 евра казна за невакцинирање на деца и незапишување на училиште

Министерот за образование Арбер Адеми, како „решение“ за сите контрадикторности во неговиот ресор, вчера ги предупреди родителите дека ќе плаќаат казни доколку не ги вакцинираат своите деца, а со тоа и не ги запишат на училиште. Семејствата ќе се соочат со прекршочни пријави и за непочитување на законот за заштита од заразни болести како и за неодење во задолжително основно образование. Казните што ќе треба да ги платат се најмалку 1500 евра и за двата прекршоци.

-Според законот предвидени се казни кога детето не е дел од основното образование. Затоа треба да се подигне свеста, треба да имаме доверба во институциите и во здравствениот систем за да се вакцинираат децата затоа што сите ја знаеме состојбата, рече Адеми.

Сепак, доверба во институциите и во здравствениот систем не се стекнува со казни, туку со нудење на квалитетни услуги со што навистина ќе се покаже грижа кон граѓаните.

Довербата особено се разниша кога во тек на вакцинална кампања и епидемија од морбили, се појави скандалот со МРП вакцини со декларации со изминат рок.
А, згора на сѐ, министерот за здравство, Венко Филипче, за да докаже дека МРП вакцините се безбедни, наводно ја вакцинираше својата внука. Но на фотографијата која тој ја објави на својот фејсбук профил, јасно се гледа дека неговата внука „прима“ вакцина со игла од која не е тргнато капачето. Но и дека таа е премногу мала за да прими МРП вакцина.

Кратко време потоа, Филипче јавно призна дека ја лажел јавноста!

Фотографијата со која Филипче се обиде да ја изманипулира јавноста со лажно вакцинирање

Според статистичките податоци од декември минатата година од вкупно 104.000 деца во Скопје, 39.000 се во претшколска возраст, а од нив 11.256 не биле вакцинирани против морбили. А, од  65.800 деца кои се до 14 годишна возраст, невакцинирани биле 3.728, или 5.7 отсто.

Уште позагрижувачка бројка е тоа што дури 50 отсто од децата родени во 2017 година не се вакцинирани, а 2016 година 30 отсто не се вакцинирани. Од децата во прво одделение околу 20 отсто не се вакцинирани.