6.8 C
Skopje
понеделник, април 22, 2024

Да се запише овој ден во Преамбулата на Уставот!

Професорката Тања Каракамишева, по вчерашниот неуспешен референдум за промена на уставното име на Република Македонија, на својот фејсбук профил напиша дека „напишавме историја која вечно ќе се раскажува!“

Фејсбук статус на Тања Каракамишева:

Ги гледам билбордите по улици и срцево ми се смее! На 30.09.2018 донесовме ИСТОРИСКА ОДЛУКА! Предлагам идната Влада да го запише овој ден од историско значење за сите МАКЕДОНЦИ во Преамбулата на Уставот на Република Македонија! Вчера напишавме историја која вечно ќе се раскажува!