Да се заштитат децата од бескрупулозниот пиар на Венко Филипче, бара Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Потребно е да се вклучат сите организации и институции за заштита на правата на децата. За да ги заштитат децата од бескрупулозниот пиар на Венко Филипче. Да се вклучи етичката комисија на Лекарската комора заради откривање на лекарска тајна кај пациент, вели Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во статусот на Фејсбук.

„За екс-претседателката на Општински комитет Центар на ВМРО-ДПМНЕ Аспазија Софијанова не е чудно вакво неетичко однесување. Таков човек е ги менува само имињата, а текстот на возвишување на актуелниот Министер останува истиот“, велат од Комисијата и додаваат: „Така беше порано, така е и сега“.