Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговорите за решение меѓу Белград и Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Заедницата на српските општини е суштината на Бриселскиот договор, како и оти Белград ќе инсистира на нејзиниот итно формирање, јави БЕТА.

Според него, тоа е предуслов за дискусии за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина.

– Она што е видливо е дека, без оглед дали има некакви разлики меѓу одделни земји или меѓународни организации, кога е во прашање дијалогот, сега тие дејствуваа како единствена група од пет и разговараа со претседателот на Србија, посочи Дачиќ.

Тој наведе дека денеска ќе се разговара што би се случило доколку Србија не се согласи со предложениот предлог и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ има поддршка од државниот врв, од Владата на Србија и од целата владејачка коалиција.

Според него во вакви ситуации од суштинско значење за виталните државни и национални интереси е да има политичко и државно единство. Дачиќ најави дека дел од опозициски партии ќе поддржат сè што се бара.

– Имате и друг дел од опозицијата, кој игра негативна улога на свој начин, бидејќи поттикнува воени тапани кога не е нивно време. Најважно е мудро и решително да продолжиме со дијалогот, со јасна цел дека ние сакаме да бидеме дел од современиот свет, сакаме да влеземе во Европска Унија и сакаме економски развој, истакна Дачиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во 11 часот ќе присуствува на седницата на Владата, на која ќе ги информира членовите на Владата за разговорите што во петокот ги имал со претставниците на САД. ЕУ, Германија, Франција и Италија, како и за француско-германски план за решавање и нормализирање на односите меѓу Србија и Белград.

Вучиќ во 20:00 часот ќе и се обрати на јавноста, која исто така очекува да слушне што бара меѓународната заедница од Србија и каков е неговиот план.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.