Дачиќ му запеа и на Лавров, му подари гитара на гостинот

Свечената вечера се одржала синоќа во вилата Мир, а следувала по официјалните средби на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со српските официјални власти. Вечерата не можела да пројде без настапот на неговиот српски колега Ивица Дачиќ, а според пишувањата на медиумите високиот гост му барал на орекстарот да засвири шлагер од шеесетите.

Шефот на дипломатијата Дачиќ му приредил на Лавров вечера со специјалитети од Србија, традиционални јадења, но и добра музика. Како што дознале српските медиуми, Дачиќ повторно и запеал, а овојпат тоа била песната „Подмосковсја вечерa“ која всушност ја барал самиот Лавров.

Гостинот имал и уште една желба, а тоа е песната Девојко мала.

Освен двајцата министри на масата биле и српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ и премиерот Радован Вишковиќ.

Дачиќ на Лавров му подарил гитара.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.