Дачиќ: Одлуката за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамна и скандалозна

Вицепремеирот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави во средата дека одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на поранешната српска покраина Косово и Метохија во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

„Одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на на Косово во членството во Советот на Европа е срамно и скандалозно, што ги уништува сите принципи на кои почива Советот на Европа, затоа што по првпат е предложен прием на територија која не е членка на Обединетите нации и не е меѓународно призната“, изјави Дачиќ кого го цитира српското Министество за надворешни работи во соопштениет за медиумите.

Дачиќ рекол и дека одлуката го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет на Србија.

„Одлуката претставува уште еден доказ за падот и крајот на меѓународното право“, посочил Дачиќ.

Претходно денеска Комисијата за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа на состанок во Париз ја прифати препораката Косово, каде албанското мозинство со поддршка од главните западните земји во 2008 година еднострано прогласи независност на која се противи Белград и сѐ уште не е член на Обединетите нации, да биде покането за членство во таа организација.

На социјалната мрежа Х на таа организација се наведува дека следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18-ти април, кога Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе гласа за нејзиното статутарно мислење.

За одлуката гласаа 31 претставници на земјите, а против одлуката беа претставниците на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.

Претставникот на Грција во овој политички комитет беше воздржан.

На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачот на ПСЕ за Косово, на грчката дипломатка Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услова, од кои само еден е исполнет- враќање на имотот на манастирот Високи Дечани, но не и формирањето на Заедницата на општини со мнозинско српско население и стопирање на експропријацијата во српските општини.